MKinformer

your daily dose of news

Усвоени измените во Законот за јавни набавки: Најниската цена нема повеќе да биде единствен критериум, со вештачка интелигенција ќе се следат злоупотреби

27/10/2026 11:50

Усвоени се измените во Законот за јавни набавки, со кои се воведуваат нови правила за избор на најповолна понуда, поголема дигитализација и дополнителни механизми за следење на ризици и можни злоупотреби.

Една од најважните промени е што најниската цена нема повеќе да биде единствениот критериум при изборот на понуда.

Цена и квалитет ќе се оценуваат заедно

Со измените се воведува задолжителна примена на критериумот „најдобар сооднос меѓу цена и квалитет“.

Тоа значи дека институциите при изборот ќе треба да го земат предвид и квалитетот на понудените производи и услуги, а не само нивната цена.

Ќе се оценува и долгорочната оправданост на набавката, што треба да го намали ризикот од избор на најевтини, но неквалитетни решенија.

Вештачка интелигенција за следење на ризици

Измените предвидуваат и поголема употреба на современи дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција.

Бирото за јавни набавки ќе може да ги користи овие алатки за поефикасно следење на постапките, препознавање ризични обрасци и навремено откривање можни неправилности и злоупотреби.

Се создава и правна основа за автоматска размена на податоци со други институции, со што контролата треба да стане побрза и поефикасна.

Поголема транспарентност кај постапките без оглас

Со измените се воведува и обврска за објавување известување за доброволна претходна транспарентност кај одредени постапки со преговарање без објавување оглас.

Целта е јавноста и економските оператори да имаат поголем увид во постапките кои досега беа помалку видливи.

Се унапредува електронскиот пазар

Предвидено е и дополнително унапредување на Електронскиот пазар за набавки од мала вредност.

Со поголема употреба на овој систем треба да се зголеми конкуренцијата меѓу компаниите и да се поедностави пристапот до помалите јавни набавки.

Се менува и системот за службениците

Наместо периодична ресертификација преку повторно полагање испит, за службениците за јавни набавки ќе се воведе систем на континуирано професионално усовршување.

Измените опфаќаат и усогласување на вредносните прагови со актуелните економски услови, како и ревидирање на надоместоците во жалбените постапки.

Целта е поодговорно трошење на јавните пари

Законските измени се дел од пошироките реформски активности поврзани со Реформската агенда и Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

Крајната цел е јавните набавки да бидат потранспарентни, поконкурентни и поефикасни, а јавните средства да се трошат поодговорно.

Усвоените измените во Законот за јавни набавки треба да овозможат поквалитетен избор на понуди, поголема контрола и поширока употреба на дигитални алатки и вештачка интелигенција.

error: Содржината е заштитена од копирање !!