MKinformer

your daily dose of news

Орбан: Западот повеќе не е пример за углед

21/09/2025 15:18

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Европската Унија е на работ на колапс и дека Западот повеќе не е пример за углед, додека Унгарија „цврсто стои“.
„Европската Унија е на работ на колапс, со долгови, миграција, насилство и неуспешни политики насекаде. Унгарија цврсто стои – без мигранти, просемејна, обезбедува можности за оние кои се подготвени да работат“, рече Орбан во објава на платформата X.

Тој рече дека е потребна храброст за да се сфати дека „Западот повеќе не е пример за углед“.
„Ни треба храброст, интелектуална, политичка и лична, за да сфатиме дека Западот повеќе не е пример за углед и да покажеме дека постои подобар начин“, заклучи Орбан.

error: Содржината е заштитена од копирање !!