Сончево и топло време до среда, од четврток следува промена
23/09/2025 8:38
Наутро ќе биде посвежо, а преку денот сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.
🌡️ Температури денеска:
-
Утринските ќе се движат од 6 до 14 степени,
-
Дневните ќе достигнат од 27 до 33 степени.
☀️ Во Скопје:
Времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени, информира УХМР.
📅 Наредни денови:
-
До среда ќе се задржи стабилно и топло време.
-
Од четврток попладне ќе има променливо облачно време со локални врнежи.
-
Во петок се очекуваат пороен дожд, грмежи и умерен до засилен југоисточен ветер.
-
За време на викендот температурите ќе бидат во постепено опаѓање.





