НИ ДОАЃА ЛАДЕН БРАН: Чести врнежи и можен снег на планините!
26/09/2025 8:32
Од следната седмица Македонија, регионот и поголем дел од Европа ќе бидат зафатени од значително постудено време, со температури пониски од вообичаените за крајот на септември и почетокот на октомври.
Метеоролозите најавуваат дека над нашите простори ќе навлезе поладна воздушна маса од исток и североисток, која ќе донесе вистинска есенска атмосфера. Очекуваат и почести, а на места и пообилни врнежи од дожд, особено во првите денови од седмицата.
Со оглед на заладувањето, можно е на највисоките планински врвови, над 2000 метри надморска височина, да се појават и првите снегулки за оваа сезона.





