MKinformer

your daily dose of news

(ВИДЕО) Еди Рама се пошегува на сметка на Доналд Трамп поради „војната меѓу Албанија и Азербејџан“

02/10/2025 13:40

Албанскиот премиер Еди Рама на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген се пошегува со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој пред извесно време погрешно изјави дека го решил конфликтот меѓу Албанија и Азербејџан – војна која никогаш не постоела.

„Мора да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор меѓу Албанија и Азербејџан“, му рече Рама со иронија, алудирајќи на гафот на Трамп од 18 септември, кога по грешка ја измеша Албанија со Ерменија.

Присутните, меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, реагираа со насмевки на досетката на Рама, кој додаде дека „сè е во ред“ и дека атмосферата на самитот останува пријателска.

error: Содржината е заштитена од копирање !!