MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: „Во Карпош има решенија, а не празни констатации“

02/10/2025 13:15

Актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за нов мандат, Стевчо Јакимовски, испрати силна порака до граѓаните и политичките опоненти, нагласувајќи дека Карпош е пример за општина која знае да се справи со предизвиците, па дури и со проблемот со кучињата скитници – тема која неговите противници ја користат за евтина политичка реторика.

„Замислете, кога си безидеен, најголемата работа што можеш да ја „констатираш“ е дека во Карпош имало кучиња скитници. Големо откритие, нема што“, изјави Јакимовски, потсетувајќи дека во минатото состојбата била многу полоша.

Тој нагласи дека уште во 2000 и во 2009 година, улиците биле преполни со глутници, додека денес ситуацијата е драстично подобрена. „Лајка работи солидно и глутници по маалата нема. Да, ќе се појави по некое куче, ама тоа е затоа што некој ги истовара од други населби кај нас“, појасни Јакимовски.

Дополнително, тој потсети дека три пати предложил во Советот на општината да се издвојат по два милиони денари за подобрување на работата на ЈП „Лајка“, но секогаш бил одбиен од истите оние кои денес ја проблематизираат темата.

„Тоа е нивото на „интелигенција“ со кое се борат против Карпош. Јас ќе продолжам да се борам за вистински решенија“, порача Јакимовски, испраќајќи јасна порака дека неговата мисија е Карпош да остане уредна, безбедна и современа општина со конкретни резултати, а не празни приказни.

error: Содржината е заштитена од копирање !!