Брутален напад од кучиња скитници: 15-минутна борба за живот на 12-годишно дете
02/02/2025 12:22
Дванаесетгодишниот Омер од кичевската населба „Прилепска“ бил нападнат од околу десет кучиња скитници, борејќи се со нив повеќе од 15 минути пред да биде спасен. Во моментот на нападот, на местото на настанот бил зетот на Омер, кој му помогнал да се извлече.
Детето сега се наоѓа под грижа на својата тетка и сестра, бидејќи неговите родители го напуштиле, објави ТВ 21.
По посетата на Омер, градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, сподели фотографија со него, истакнувајќи дека прашањето со кучињата скитници останува предизвик за кој е потребен системски одговор. Тврди дека бројот на кучињата скитници во градот е намален благодарение на преземените мерки.
„Апелирам до колегите градоначалници да не носат кучиња во Кичево. Работиме на третман и контрола, но проблемот бара долгорочно решение“, изјави Дехари.
Случајот е пријавен во полиција, а слични инциденти со агресивни кучиња скитници се пријавуваат речиси секојдневно.
Во моментот на нападот, на местото на настанот бил зетот на Омер, кој му помогнал да се извлече. Ванаесетгодишниот Омер од кичевската населба „Прилепска“ бил нападнат од околу десет кучиња скитници, борејќи се со нив повеќе од 15 минути пред да биде спасен. Детето сега се наоѓа под грижа на својата тетка и сестра, бидејќи неговите родители го напуштиле, објави ТВ 21.“






