MKinformer

your daily dose of news

Јакимовски: Карпош прва општина во Македонија со целосна енергетска ефикасност

11/10/2025 9:34

Општина Карпош продолжува со реализирање на визионерски енергетски проекти под водство на градоначалникот и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски. Според објавата на неговиот Фејсбук профил, во сите десет училишта на територијата на општината веќе се поставени фотоволтаични панели, чекор кој ја претвора Карпош во лидер во зелената енергетска транзиција.

„Овие панели не се шминка, тоа е работа, визија и енергија“, порача Јакимовски, нагласувајќи дека Карпош не зборува за планови, туку за конкретни дела. Со новата фаза на проектот, училиштата не само што ќе ја покриваат сопствената потрошувачка на струја, туку ќе произведуваат и вишок енергија што ќе се враќа во системот.

На овој начин, образовните институции ќе се претворат во мали енергетски центри, а општината ќе стане прва во Македонија со целосно енергетска ефикасност.

„Со секој киловат сончева енергија штедиме пари, но и градиме свест. Нашите деца ќе учат од жив пример дека иднината е зелена“, порача Јакимовски, потенцирајќи дека Карпош останува симбол на одговорност, иновација и одржлив развој.

error: Содржината е заштитена од копирање !!