MKinformer

your daily dose of news

Карпош ја започнува учебната година со модерни училишта и подобрени услови за учениците

31/08/2025 9:03

Во општина Карпош сè е подготвено за стартот на новата учебна година. Основните училишта се целосно опремени и освежени, со што учениците ќе имаат современи и безбедни услови за настава.

Учебните простории добија нови клупи и столчиња, а компјутерските сали се опремени со современи машини и програми. Во секое училиште се инсталирани смарт табли и панели, со што наставата ќе се одвива во чекор со дигиталното време.

Дополнително, на крововите на дел од објектите се поставени фотоволтаични системи за сопствено производство на електрична енергија, што ќе придонесе за поефикасно и економично работење. Реконструирани се кабинети, освежени фасадите и уредени училишните дворови.

Наставниците изразуваат задоволство, а учениците радост од подобрените услови, што ја прави Карпош пример за вложување во образованието како инвестиција во иднината.

Во видеото на Фејсбук, кое го објави градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, меѓу другото се вели

📚✏️ Сè е подготвено – децата на Карпош ги очекува модерна и безбедна учебна година! ✏️📚
Ги посетив основните училишта во Карпош и се уверив дека нашите ученици ќе започнат во современи и уредени услови.
✅ Нови клупи и столчиња – редовно се обновуваат, за секоја училница да биде комплетно опремена.
✅ Современи компјутерски сали – со нови машини и најсовремени програми.
✅ Смарт табли и панели во секое училиште – дигитална настава во чекор со времето.
✅ Фотоволтаици на крововите – училиштата сами произведуваат струја и трошат помалку.
✅ Реконструирани кабинети, освежени фасади и средени дворови.
👉 Наставниците се задоволни, учениците среќни – Карпош е пример дека кога вложуваме во образованието, вложуваме во иднината.
✊ Најмладите заслужуваат најдобри услови за учење, а ние сме тука тоа да го овозможиме!“
Видеото може да го видите ТУКА
error: Содржината е заштитена од копирање !!