Сончев почеток на неделата: Денес и утре со многу повеќе сонце и со суво време
20/10/2025 7:45
Почетокот на новата работна недела во Македонија ќе донесе стабилно и суво време, со многу сончеви периоди. Во понеделник и вторник (20 и 21 октомври) времето ќе биде претежно сончево, а во вторник постепено ќе се зголемува облачноста од запад. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
И во Скопје и околината се очекува стабилно и суво време, со умерен југоисточен ветер и температури кои ќе се движат околу 16 степени.
Во среда (22 октомври) ќе има промена на временската состојба — се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.
Дневните температури низ државата ќе се движат меѓу 11 и 18 степени, што е под просекот за овој период од годината.






