Дел од Скопје денеска без вода поради интервенции на „Водовод и канализација“
22/10/2025 9:25
Денеска повеќе улици во главниот град ќе имаат прекин во водоснабдувањето поради тековни интервенции на екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, информираат од претпријатието.
Локации и време на прекини
-
Од 09:30 часот, прекин на вода ќе имаат корисниците на улиците
„Софиска“, „Бриселска“, „Његошева“, „Копенхагенска“, „Стокхломска“ и „Петар Драганов“,
поради работи на двоење во шахта на ул. „Московска“ бр. 12.
Прекинот ќе трае до завршување на работните активности. -
Поради изведба на водоводен приклучок ф-100мм на ул. „9-ти Мај“ бр. 4,
без вода ќе останат и дел од корисниците на истата улица.
Прекинот започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на активностите.
Информација за граѓаните
Од ЈП „Водовод и канализација“ апелираат граѓаните навремено да си обезбедат резерви на вода за пиење и основни потреби и да внимаваат при користење на водоводните инсталации додека траат интервенциите.




