MKinformer

your daily dose of news

Инцидент во здравствена установа во Велес: 31-годишен маж заклучил жена и ја нападнал со средство за чистење

29/10/2025 10:52

Во една од просториите на здравствена установа во Велес се одиграла вистинска драма – 31-годишен велешанец ја заклучил својата сограѓанка, ја нападнал, ѝ се заканувал со остар предмет и ја испрскал со средство за чистење во очите, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на нејзиното работно место, кога напаѓачот М.П. (31) ја заклучил во просторијата, кршел предмети и физички ја нападнал. Жената, на возраст од 55 години, успеала да побара помош, по што полицијата веднаш интервенирала и го привела осомничениот.

„М.П. бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава,“ соопштија од МВР.

Жената е згрижена и ѝ е укажана медицинска помош. Истражните органи го испитуваат случајот, а мотивите за нападот сè уште се непознати.

error: Содржината е заштитена од копирање !!