MKinformer

your daily dose of news

14 пријави за семејно насилство за едно деноноќие

10/03/2026 16:15

Во последните 24 часа полицијата евидентирала 14 пријави за семејно насилство на повеќе локации низ државата, а четири лица се лишени од слобода во Скопје, Кавадарци и гостиварско.

Во Гостивар, 35-годишна жена од Кичево пријавила дека нејзиниот поранешен сопруг ѝ упатувал закани и се однесувал агресивно кон неа поради претходни недоразбирања.

Друг случај е пријавен и од 21-годишник од гостиварско, кој информирал дека неговиот татко во семејниот дом кршел предмети, барал пари и упатувал закани кон членовите на семејството.

Во гостиварско, 44-годишна жена пријавила дека била физички нападната од својот брат. Подоцна, полициски службеници го лишиле од слобода 21-годишниот А.Р., откако неговата 23-годишна невенчана сопруга пријавила дека ја нападнал и употребил остар предмет.

Во Кавадарци полицијата уапсила 65-годишен маж кој, според пријавата, физички ја нападнал својата 64-годишна сопруга.

Во Скопје се регистрирани повеќе случаи на семејно насилство, вклучително и физички напади меѓу сопружници и партнери, како и закани со остар предмет во семејниот дом.

Еден од случаите вклучува напад врз бремена жена, за што полицијата го привела 31-годишниот осомничен.

Исто така, во Аеродром бил приведен 68-годишен скопјанец кој се заканувал со остар предмет на својот 35-годишен син.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на сите случаи, по што против осомничените ќе бидат поднесени соодветни пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!