Студено утро во Македонија, најниски -2 во Берово, а до 21 степен преку денот
30/10/2025 11:04
Утрово најниската температура во државата е измерена во Берово, каде термометарите покажале -2 степени Целзиусови, додека најтопло било во Крушево со 6 степени.
Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во 8:30 часот температурата се движела од -1 степен во Струмица, 0 во Битола, Тетово и Демир Капија, до 5 степени во Виница. Во Скопје – Зајчев Рид се измерени 3 степени, а во Петровец 1 степен.
Во утринските часови по котлините е забележана појава на магла, но во текот на денот се очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност и слаб ветер од јужен правец. Максималните дневни температури ќе се движат меѓу 16 и 21 степен.
Во Скопје утрото беше магливо, а преку ден ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а максималната температура ќе достигне до 17 степени.






