MKinformer

your daily dose of news

Сончева прогноза денес: Температурите од 5 до 15 степени, магла во котлините

27/01/2025 11:25

Најстудено утрово беше во Берово, каде температурата се спушти до -4 степени, а температури под нулата се измерени и во Битола и Прилеп, каде што термометрите покажале -2 степени.

Според инфоарциите од УХМР, 0 степени се измерени во Крива Паланка, Охрид, Претор и Попова Шапка, додека 1 степен е забележан во Штип, 2 степени во Тетово, Струмица и Лазарополе, 3 степени во Виница, Кавадарци и Маврови Анови, 4 степени во Крушево, а 5 степени во Скопје – Зајчев Рид и Демир Капија. 6 степени беа измерени во Скопје – Петровец и Велес, а најтопло утрово беше во Гевгелија со 9 степени.

На Попова Шапка, во 7 часот, снежната покривка достигна 38 сантиметри, 28 сантиметри во Маврови Анови, и 7 сантиметри во Битола.

Во текот на денот, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во котлините, се очекува магла и ниска облачност во поголемиот дел од денот. Максималните температури ќе се движат од 5 до 15 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, магливо и тивко. Попладне се очекува делумно намалување на маглата, а максималната температура ќе достигне 10 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!