MKinformer

your daily dose of news

Поларно утро во Македонија: На Попова Шапка -8 и речиси 1 метар снег

18/02/2026 10:34

Најстудено изутринава во земјава е на Попова Шапка, каде во 7 часот се измерени –8 степени Целзиусови и дури 97 сантиметри снежна покривка.

Според утринските мерења, температури под нулата се регистрирани и во Крушево и Маврови Анови со –4 степени, како и во Берово и Претор со –1 степен. Нула степени се измерени во Крива Паланка, Охрид, Битола и Прилеп.

Во Штип и Виница се измерени 2 степени, во Тетово, Куманово и Струмица 3, додека во Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Демир Капија се измерени 4 степени. Во Скопје-Петровец и Велес температурата достигнала 5 степени, а најтопло утрово е во Гевгелија со 6 степени Целзиусови.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица – 13 литри на метар квадратен. Во Берово се измерени 11 литри, 8 во Претор и Гевгелија, 7 во Демир Капија, 6 во Битола, а по 5 литри во Тетово, Пожаране и Крушево.

Четири литри на метар квадратен се измерени во Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Охрид, а 1 литар во Кавадарци и Маврови Анови.

Снежна покривка од три сантиметри има во Маврови Анови, два во Берово и еден сантиметар во Ѓуриште.

Метеоролозите најавуваат продолжување на студеното време, особено во повисоките места и на планините, каде снежната покривка дополнително може да се зголеми.

error: Содржината е заштитена од копирање !!