MKinformer

your daily dose of news

Денес променливо облачно со локални врнежи од дожд, стабилизирање на времето од вторник

07/11/2025 9:47

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови на земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 5 до 11 степени, а дневните ќе достигнат од 12 до 17 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде околу 9, а максималната до 15 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени поројни врнежи и можност за грмежи. На места е можно да наврне над 30 литри дожд на квадратен метар.

Од вторник се очекува постепено стабилизирање на времето и пораст на температурите.

error: Содржината е заштитена од копирање !!