MKinformer

your daily dose of news

Влажно и свежо утро низ Македонија – најниска температура во Крушево, најмногу дожд во Охрид

09/11/2025 13:05

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најниската температура во државата утрово е измерена во Крушево, каде термометарот покажал 2 степени Целзиусови. Потоа следуваат Берово и Маврови Анови со 5 степени, Крива Паланка и Лазарополе со 6, Прилеп, Битола и Тетово со 7, а 8 степени се измерени во Скопје–Петровец и Претор. Во Кавадарци, Велес, Виница и Штип се измерени 9 степени, 10 во Куманово и на Зајчев Рид во Скопје, додека најтопло утрово било во Гевгелија и Струмица со 11 степени.

Во изминатите 24 часа, најголема количина на врнежи е забележана во Охрид, дури 34 литри на метар квадратен. Потоа следуваат Гевгелија со 25, Радовиш и Претор со по 17, Крушево со 14, Штип со 13 и Струмица со 11 литри дожд на метар квадратен. Помали количества дожд се регистрирани и во останатите градови, меѓу кои Берово, Битола, Виница, Велес, Крива Паланка, Тетово и Куманово.

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури ќе се движат од 14 до 18 степени Целзиусови, додека во Скопје се очекува променливо облачно време со повремен слаб дожд и температура до 17 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!