MKinformer

your daily dose of news

Леденo утро низ Македонија: –12 степени во Берово, снег на Попова Шапка и во Крушево

13/01/2026 10:44

Утрото донесе екстремно ниски температури низ земјава. Во Берово во 7 часот се измерени –12 степени, –11 во Крива Паланка, а –10 степени се регистрирани во Демир Капија, Крушево и на Попова Шапка.

Температура од –9 степени е измерена во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Маврови Анови. Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор утринската температура изнесувала –8 степени, додека во Скопје–Зајчев Рид, Куманово и Виница биле измерени –7 степени. Најтопло утринава било во Гевгелија со –5 степени.

Според информациите од Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР), снежна покривка има на повеќе места. На Попова Шапка се измерени 26 сантиметри снег, во Крушево 15 сантиметри, во Ѓуриште 4, а во Тетово и Берово по 2 сантиметри.

Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од –1 до 7 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди, а максималната температура ќе достигне до 5 степени.

error: Содржината е заштитена од копирање !!