MKinformer

your daily dose of news

Следеле па нападнале човек пред трговски центар во Скопје

17/11/2025 10:48

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против 43-годишен осомничен за тешко разбојништво, согласно член 237 став 4 од Кривичниот законик. Делото, според обвинителството, било извршено заедно со уште едно лице по кое полицијата сè уште трага.

Инцидентот се случил на 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, кога двајцата напаѓачи следеле еден оштетен. Во еден момент, осомничениот го удрил со тупаница во главата, додека неговиот соучесник му се заканувал со боксирач. Потоа, претурајќи по јакната на жртвата, одзеле 8.800 денари.

Напаѓачите го собориле оштетениот на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале од местото на настанот.

Обвинителството информира дека до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е поднесен предлог за определување притвор за осомничениот 43-годишник, поради опасност од бегство и повторување на делото.

error: Содржината е заштитена од копирање !!