Семејството Димитрови пронајдено мртво: семејство згаснало во очај и безизлезност
24/11/2025 18:15
Тешка семејна трагедија ја потресе соседна Бугарија, каде во нива кај селото Галабовци беше пронајдено мртво целото семејство Димитрови од Сливница. Полицијата официјално истражува случај на проширено самоубиство, откако телата на 53-годишниот Георги, неговата сопруга Нонка и нивниот 26-годишен син Велислав биле пронајдени со прострелни рани во слепоочниците.
Првичните резултати од истрагата укажуваат дека Георги го извршил чинот, по што си го одзел и сопствениот живот. Во внатрешноста на возилото биле пронајдени пиштолот, предсмртно писмо и видео-порака во која семејството ги објаснува причините за нивната очајна одлука.
Според информациите, Велислав боледувал од терминален рак и се наоѓал во крајно тешка здравствена состојба. Истражителите сметаат дека токму неговото тешко страдање и чувството на безизлезност го довеле Георги до кобниот чекор.
Блиски пријатели на семејството посведочиле дека Димитрови биле исклучително сплотени и дека со месеци се бореле со тешката болест на својот син. „Тие живееја еден за друг. Болката ја делеле секој ден, и не можеле да се соочат со загубата,“ изјавил нивен пријател за бугарските медиуми.
Истрагата продолжува, но главната работна верзија останува дека трагедијата произлегла од длабока семејна љубов, беспомошност и тивка борба со неизбежното, борба што семејството, за жал, не можело да ја издржи.






![ЗАЛОЖНИЧКА ДРАМА СО ЖРТВИ ВЧЕРА ВО ПРИЛЕП: Вујко си го уби внукот и неговиот син, а потоа се самоубил policija-mvr[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mvr1.png)