MKinformer

your daily dose of news

ОН предупредува на опасност од неконтролирана вештачка интелигенција

25/11/2025 9:03

Генеративната вештачка интелигенција може да стане сериозна закана доколку се развива без јасни правила и контрола, предупредија Обединетите нации на отворањето на Форумот за бизнис и човекови права. Високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, истакна дека токму човековите права би биле првите погодени од злоупотреба на ваквите технологии.

Турк зборуваше за двојната природа на новите генеративни системи – од една страна носат огромен потенцијал за развој, а од друга создаваат ризици кои лесно можат да водат кон манипулации, дезинформации и нарушување на демократските процеси.

„Кога технолошките корпорации трчаат по иновации без да размислат за последиците, човековите права многу лесно можат да бидат прегазени,“ предупреди тој. Според него, веќе се забележуваат закани за приватноста, слободата на говор, учеството во демократијата и стабилноста на пазарот на трудот.

Турк нагласи дека без цврсти регулативи, системите за вештачка интелигенција можат да излезат од контрола и „да се претворат во современо чудовиште на Франкенштајн“ – технологија создадена од луѓе, но со последици што тие не можат да ги предвидат.

Тој исто така предупреди на растечката концентрација на моќ во рацете на мал број технолошки компании, појавa која, како што рече, создава економски дисбаланс поголем од економиите на поединечни држави. Таквата моќ, доколку не е ограничена со закон, отвора пат за злоупотреби.

error: Содржината е заштитена од копирање !!