MKinformer

your daily dose of news

Денеска се решава: Дали од декември ќе плаќаме поскапо парно греење?

28/11/2025 11:17

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти новата тарифа за парното греење што ќе започне да важи од 1 декември. Одлуката се носи врз основа на доставените пресметки од производителите и дистрибутерите, како и актуелните услови на пазарот со енергенси.

Процесот доцнеше со месеци, бидејќи Комисијата ја очекуваше проценката на вредноста на топланите изработена од Бирото за процена – документ клучен за формирање на финалната цена.

Компаниите кои испорачуваат топлинска енергија уште од летото бараат зголемување од околу 50 проценти, а и пред денешната седница повторно доставиле пресметки со зголемени оперативни трошоци.

Новата одлука на Регулаторната комисија ќе покаже дали и колку ќе се зголемат сметките за парно греење за домаќинствата и за деловните корисници од декември.

error: Содржината е заштитена од копирање !!