MKinformer

your daily dose of news

ОД 1 ФЕВРУАРИ ПОСКАПУВА ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ ЗА 5%

31/01/2025 15:04

Од 1 февруари скопјани ќе плаќаат поскапо парно за 5,03 проценти. Тоа, како што денеска на прес-конференција изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, за едно просечно домаќинство во Скопје ќе значи зголемување на месечниот трошок за парно за 100 денари

Како што истакна Бислимоски, причина за поскапувањето е зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.

Зголемувањето на сметките ќе биде 100 денари за просечно семејство. Се очекува наскоро и топлификација Скопје Север да поднесе барање за зголемување на цената на парното во тој дел од градот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!