РКЕ: Од денес завршува грејната сезона, греење само под 12°
15/04/2026 20:06
Грејната сезона за 2026 година официјално завршува денеска, 15 април 2026 година, информираат од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Од утре започнува таканаречениот преоден период кој трае до 30 април.
Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, во преодниот период важат посебни правила за греење.
Како што соопштува РКЕ, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови (врз основа на податоците од Управата за хидрометеоролошки работи), снабдувачот е должен да обезбеди греење.
Греењето во преодниот период се обезбедува:
-
Во временскиот интервал: од 06:00 до 22:00 часот
-
Во грејните простории: температура од 20+1 степен Целзиусов
За потсетување, редовната грејна сезона во Скопје за корисниците кои се приклучени на системот за парно греење започнува на 15 октомври и трае до 15 април.
Корисниците на парно греење во преодниот период треба да имаат предвид дека греењето нема да работи во континуитет како во текот на редовната сезона, туку само кога временските услови го налагаат тоа.
Редакцијата на МК Информер ќе продолжи да ве информира за сите промени и новости поврзани со грејната сезона и правата на корисниците.




![Ново поскапување преку скалесто плаќање на струјата struja-1-640x427[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/struja-1-640x4271-1.jpg)

