MKinformer

your daily dose of news

Променливо облачно време со локални врнежи, попладне следува нов влажен бран

02/12/2025 10:20

Денеска времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Во утринските часови по одделни котлини се очекува појава на слаба магла, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Минималните температури ќе се движат од -1 до 5 степени, додека дневните ќе достигнат од 8 до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје се најавува претежно облачно време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 1 степен, а максималната ќе се искачи до 9 степени.

Синоптичарите предупредуваат дека од вечерните часови земјата ќе биде зафатена од серија влажен бранови кои ќе донесат период на претежно облачно време со почести врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните региони. На повисоките планини дождот ќе преминува во снег, а утринските температури низ целата држава ќе останат позитивни.

error: Содржината е заштитена од копирање !!