УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди и утринска магла
08/12/2025 11:06
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претпладне по одделни котлини се очекува појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува слаб ветер, додека вдолж Повардарието повремено ќе засилува умерен ветер од северен правец. Минималните утрински температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 9 до 14 степени Целзиусови.
Во Скопје, во претпладневните часови во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Според УХМР, во текот на оваа седмица нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок, што ќе услови стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Сепак, по одделни котлини, особено во утринските и ноќните часови, ќе има појава на магла, поради што дневните температури локално ќе бидат пониски.






