(Видео)Русија го освои Покровск-„Градот тврдина“ во регионот Доњецк
02/12/2025 11:03
Руската армија објави дека го презела контролата врз украинскиот рударски град Покровск во регионот Доњецк, град кој е цел на напади повеќе од една година. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека претседателот Владимир Путин е информиран за ситуацијата, пренесува Ројтерс.
Руското Министерство за одбрана на социјалните мрежи објави видео од подигање на руското знаме во централниот дел на градот, во Красноармејск. Украинските власти, пак, засега не ја потврдуваат окупацијата. Претседателот Володимир Зеленски, за време на посетата на Париз, истакна дека жестоки борби продолжуваат околу Покровск, но и во регионот Харков.
Москва тврди дека освен Покровск, под нејзина контрола е и градот Вовчанск во Харковската област – информации кои моментално не можат да се проверат независно.
Европските аналитичари предупредуваат дека ваквото соопштение од Кремљ може да биде поврзано со денешната најавена посета на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф во Москва, каде што ќе се разговара за потенцијален мировен договор.
Russian troops in LIBERATED Krasnoarmeysk
The Russian flag has been raised in the center of what Kiev called ‘Pokrovsk’
The fortress-city is now FULLY under Russian control pic.twitter.com/j2Kr8ZMhmf
— RT (@RT_com) December 1, 2025






