MKinformer

your daily dose of news

„Safe City“ ја регистрираше првата рекордна брзина во тест-периодот, еве која е

03/12/2025 23:32

Камерите од системот „Сејф сити“ веќе забележаа рекордна брзина во рамки на тест-периодот, што според МВР ја потврдува оправданоста од неговото воведување со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот.

Според податоците, во текот на денешниот ден – во само 12 часа – биле регистрирани 22.600 прекршоци, од кои дури 21.400 се однесуваат на пречекорување на брзината, што претставува речиси 95% од сите прекршоци.

Во тест-периодот е забележан и екстремен случај на брзо возење:
највисоко регистрирана брзина: 209 km/h
најниска брзина за која е изречена казна: 51 km/h

МВР наведува дека овие бројки укажуваат на потребата од построги системи за надзор и дисциплина во сообраќајот, како и дека „Сејф сити“ ќе продолжи да функционира во пробен режим додека трае калибрацијата на системот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!