Кирил Миноски со став за инфлацијата: „Причината е државната потрошувачка, не граѓаните или производителите“
04/12/2025 0:08
Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски објави став на Фејсбук во кој се повикува на економската теорија на нобеловецот Милтон Фридман, нагласувајќи дека инфлацијата не е резултат на потрошувачите или производителите, туку на државните политики.
Миноски го цитира Фридман со зборовите:
„Потрошувачите не ја создаваат инфлацијата. Ниту производителите. Инфлацијата настанува единствено од прекумерна владина потрошувачка и прекумерно создавање пари и од ништо друго.“
Во својата објава, тој посочува дека идеите на Фридман долго време претставуваат основа на економските политики на конзервативните политички партии, но дека клучната лекција за причините за инфлацијата одамна е формулирана. Прашањето, според Миноски, е дали денешните носители на одлуки имаат капацитет да ја препознаат и применат.
Објавата доаѓа во време на засилена јавна дебата околу движењето на инфлацијата и буџетската политика, а анализата на Миноски повторно го отвора прашањето за улогата на државната потрошувачка во создавањето економска нестабилност.


