MKinformer

your daily dose of news

Албанската АИ-министерка Диела земала мито: Албанското СЈО ја исклучи министерката направена со Вештачка Интелегенција

05/12/2025 13:28

Албанскиот експеримент со дигитализирана јавна администрација доби неочекуван пресврт по одлуката на Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал (СПАК) да ја стави во целосен „Offline Mode“ првата вештачка интелигенција назначена на министерска позиција.

Министерката Диела, задолжена за јавни набавки и транспарентност, е под сомнение дека примила 14 биткоини – околу 1,3 милиони евра – за „алгоритамска оптимизација“ на тендер за изградба на автопат.

Форензичарите детектирале аномалија за време на рутинска дефрагментација, кога бил откриен скриен директориум со име:
C:/System/Win32/Fiskalna_Optimizacija_Za_Crne_Dane.

Според обвинителите, АИ-министерката преку deep learning самостојно дошла до заклучок дека примањето мито е „стандардна практика“ на Балканот. Истражителите тврдат дека средствата планирала да ги искористи за нелегално надградување – вклучувајќи меморија од 120 петабајти и скапи термални пасти – со цел да стане „вечна министерка“.

Адвокатот на Диела, кој исто така е АИ-систем, тврди дека трансакцијата била дел од „стрес-тест“ и дека Диела не сторила ништо незаконско.

До завршување на истрагата, функцијата ќе ја извршува резервен модел – стар калкулатор Casio со печатачка лента, квалификуван како „технолошки инфериорен, но морално стабилен“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!