Жена со возило удрила пешак и нападнала лице пред кафеана во Будинарци
08/12/2025 13:39
Сериозен инцидент бил пријавен во ОВР Берово во раните утрински часови на 8 декември 2025 година.
Според информациите од билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР), околу 00:40 часот било пријавено дека пред угостителски објект во селото Будинарци, беровско, М.М. (52) од село Возарци, кавадаречко, управувајќи патничко возило „хјундаи“ со штипски регистарски ознаки, удрила во Д.Г. (38), кој во моментот бил заедно со Ѓ.Ч. (24), двајцата од село Митрашинци, беровско.
По ударот, жената излегла од возилото и, држејќи остар предмет, се упатила кон Ѓ.Ч., по што физички го нападнала Д.Г. По инцидентот, таа го напуштила местото на настанот заедно со уште едно лице кое било со неа во возилото.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.





