MKinformer

your daily dose of news

Кавадарчанка прво ги удрила со кола, потоа ги нападнала со нож пред кафана во Беровско

09/12/2025 10:25

Рано утрo во неделата во селото Будинарци, Беровско, 52-годишната М.М. од кавадаречкото село Возарци предизвикала сериозен инцидент во кој повредени се двајца млади мажи. Според информациите на ОВР Берово, жената со патнички автомобил „Хјундаи“ со штипски регистерски таблички налетала на Д.Г. (38) и Ѓ.Ч. (24) од Митрашинци, кои стоеле пред локален угостителски објект.

По ударот, М.М. излегла од возилото, се доближила до Ѓ.Ч. со остар предмет, а физички го нападнала и Д.Г. Веднаш по настанот, таа го напуштила местото заедно со лицето кое се возело со неа.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, а истрагата продолжува со собирање докази и разговори со сведоци.

error: Содржината е заштитена од копирање !!