MKinformer

your daily dose of news

Интензивирани работите на новиот пат од Ново Село до Св. Архангел Гаврил во Ѓорче Петров

10/12/2025 13:34

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, информира дека значително се забрзуваат активностите околу изградбата на новиот главен пат што ќе го поврзе Ново Село со црквата „Св. Архангел Гаврил“.

Во својот пост тој наведе дека е започнато тампонирањето на коловозот од делот кај црквата, додека истовремено се работи и на приклучоците за новата водоводна мрежа. Со ова, трасата ќе биде целосно подготвена за следните градежни фази.

Планираниот пат, долг 780 метри и широк 6 метри, ќе добие нов коловоз и ќе обезбеди значително подобра поврзаност и пристапност за жителите на Ново Село, нагласува Стојкоски.

Проектот се реализира преку МТВ и програмата на Светска банка, додека Општина Ѓорче Петров активно учествува во подготовката на документацијата и во процесот на кофинансирање.

error: Содржината е заштитена од копирање !!