Стојкоски најави доградба на ООУ „Страшо Пинџур“
30/01/2026 15:17
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска најави доградба на основното училиште Страшо Пинџур, со што значително ќе се подобрат условите за учениците и наставниот кадар.
„Ветувањата се реализираат. Ова е трето училиште во нашето Ѓорче кое оваа година ќе добие доградба“, истакна Стојкоски, додавајќи дека проектот е финансиран од Министерство за образование и наука.
Градоначалникот преку објава на Фејсбук информираше дека Советот на Општина Ѓорче Петров едногласно донел одлука за целосно ослободување од плаќање на комуналии за доградбата и надградбата на училиштето, со цел побрза и поефикасна реализација на проектот.
„Повеќе простор и подобри услови за едносменска настава за учениците. Инвестираме паметно, одговорно и со јасна цел, подобро образование и подобра иднина за децата во Ѓорче Петров“, порача Стојкоски.
Со оваа инвестиција, локалната самоуправа продолжува со заложбите за унапредување на образовната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за учење.






