Во Ново Село асфалтирани сите краци на улица 1, градоначалникот Стојкоски им го реши деценискиот проблем на граѓаните
19/07/2024 13:34Решаваме децениски проблеми на нашите сожители! Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Решаваме децениски проблеми на нашите сожители! Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
По неколку децении се решава еден од најгорливите проблеми за жителите во Ново Село, кончено краците на улица 1 се асфалтираат. Четири краци на улица 1 со вкупна должина од 200 метри и вкупна површина од 600 м². На три краци се поставени бекатон плочки, а на еден крак е поставен асфалт. Со ова се решава децениски проблем на жителите од Ново Село и се овозможува достоинствени услови за пристап до нивните домови. Продолжуваме со реализација, ќе ги асфалтираме сите улици во нашата општина. Ѓорче Петров без кал ќе биде реалност со која сите ќе се гордеат. Со срце за Ѓорче! Истакна градоначалникот Стојкоски.






