Педофил во Аеродром, допирал 12 годишно девојче
11/12/2025 23:19
12-годишно девојче било допирано по тело во парк во Аеродром. Настанот се случил кон крајот на месец ноември.
– На 26.11.2025 во 11:40 часот жена од Скопје пријави во СВР Скопје дека на 24.11.2025 во 18:00 часот во парк на територија на општина Аеродром, машко лице ја допирало по телото нејзината 12-годишна ќерка, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


![Алармантна низа случаи на насилство врз жени: Повеќе пријави за физички напади, закани и вознемирување во еден ден semejno-nasilstvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/semejno-nasilstvo1.jpg)


