MKinformer

your daily dose of news

Пробиен 14-тиот тунел на делницата Бељаковце–Крива Паланка, Ивановски најавува напредок на проектот

11/12/2025 12:43

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, преку видео-објава на својот фејсбук профил соопшти дека е успешно пробиен 14-тиот тунел на железничката делница Бељаковце–Крива Паланка, која е во фаза на интензивна изградба.

„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Утрово го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на трасата Бељаковце–Крива Паланка, вториот сегмент од железничката линија кон Бугарија“, напиша Ивановски, истакнувајќи дека делницата е карактеристична по комплексни градежни зафати, особено во делот на тунелите.

Ивановски додаде дека целокупниот напредок на проектот не оди со темпо какво што се посакува, но позитивно го оцени ангажманот на изведувачите токму во делот на тунелското пробивање. Тој изрази очекување дека наскоро ќе се забележи подобрен прогрес и во останатите сегменти од градбата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!