MKinformer

your daily dose of news

Путин ја обвини ЕУ за „пљачка среде бел ден“ на замрзнатиот имот

19/12/2025 21:41

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема намера да прави политички отстапки околу условите што Москва ги постави за крај на војната во Украина. Тој ја обвини Европската унија дека се обидува да направи „пљачка сред бел ден“ со идејата за користење на замрзнатиот руски имот, додавајќи дека одговорноста за следниот чекор кон мирот е кај Украина и европските партнери. Во исто време ги пофали напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот.

Путин повтори дека Русија останува подготвена за дијалог, но единствено под условите што веќе ги дефинирала: Украина да се повлече од четирите региони кои Москва ги смета за руска територија и да се откаже од својата намера за влез во НАТО.

Тој предупреди дека секоја блокада на Калининград може да предизвика крупна криза со потенцијално сериозни последици.

Изјавите беа дел од неговата долга годишна прес-конференција, на која нагласи дека Русија нема намера да напаѓа европски држави и дека е подготвена за соработка со Западот, но „само под еднакви услови“.

error: Содржината е заштитена од копирање !!