Поскaпуваат горивата: Од утре повисоки цени на бензините и дизелот
20/01/2026 18:28
Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) соопшти дека од утре стапуваат на сила повисоки малопродажни цени на нафтените деривати во земјава.
Според најновата одлука, цените на бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за 1,50 денари по литар, додека цената на Еуродизелот расте за 2 денари по литар.
Со новата пресметка:
-
Еуросупер 95 ќе се продава по 72 денари за литар
-
Еуросупер 98 ќе чини 74 денари за литар
-
Еуродизел ќе се продава по 66,50 денари за литар
Дополнително, малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,854 денари по килограм и ќе изнесува 32,987 денари за килограм.
Од РКЕ појаснуваат дека ваквата корекција е резултат на растот на референтните цени на светските пазари. Кај бензините зголемувањето во просек изнесува 4,109 проценти, кај дизелот 5,194 проценти, кај екстра лесното масло 4,462 проценти, а кај мазутот 3,846 проценти.
Дополнителен фактор е и движењето на девизниот курс – курсот на денарот во однос на американскиот долар е зголемен за 0,2303 проценти во периодот што бил земен предвид за пресметката.
Новите цени ќе важат од утре и ќе се применуваат до следната одлука на Регулаторната комисија.

