MKinformer

your daily dose of news

Германскиот канцелар Мерц нема да присуствува на Комитетот за мир во Газа

21/01/2026 19:22

Германскиот канцелар Фридрих Мерц нема да присуствува на церемонијата на потпишување на договорот на американскиот претседател Доналд Трамп за формирање на Комитетот за мир во Газа, соопштија германски владини извори.

Како причина за неговото отсуство се наведува фактот дека Мерц утре рано заминува од Швајцарија, каде што престојуваше поради меѓународни активности. Германската страна нагласува дека САД биле навремено известени за неможноста канцеларот лично да присуствува на настанот.

„Германија е благодарна за поканата да се приклучи на Комитетот за мир за Газа. Во моментов внимателно го разгледуваме овој предлог и во најкраток рок ќе дадеме официјален одговор“, изјави портпаролот на германската Влада.

И покрај отсуството на Мерц од самата церемонија, од Берлин потенцираат дека Германија останува посветена на дипломатските напори за деескалација на конфликтот и поддршка на мировните иницијативи поврзани со Газа.

Комитетот за мир во Газа, инициран од администрацијата на Трамп, има за цел да вклучи повеќе меѓународни партнери во процесот на стабилизација и политичко решение на кризата на Блискиот Исток.

error: Содржината е заштитена од копирање !!