MKinformer

your daily dose of news

Од полноќ дизелот поскапува, бензините остануваат со иста цена

26/01/2026 16:04

Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за еден денар по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети, соопшти Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ).

Според одлуката, од 27 јануари 2026 година од 00:01 часот, максималните малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 72,00 денари/литар

  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 74,00 денари/литар

  • ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 67,50 денари/литар

  • Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 66,50 денари/литар

  • Мазут М-1 НС – 33,099 денари/килограм

Со новата корекција, цените на бензините не се менуваат, додека дизелот поскапува за 1 денар по литар, а екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 0,50 денари по литар.

Од РКЕ наведуваат дека одлуката е донесена врз основа на движењата на цените на светските пазари на нафта и нафтени деривати, како и курсот на денарот во однос на американскиот долар.

error: Содржината е заштитена од копирање !!