Македонските и српските камионџии го прекинаа протестот
30/01/2026 16:51
Македонските и српските камионџии официјално го прекинаа протестот, по што од попладневните часови е воспоставена целосна проодност на сите клучни патни правци и гранични премини во регионот кои беа блокирани изминатите денови.
Од Макам-транс информираа дека товарниот сообраќај веќе се одвива без застој и дека нивните членки се известени за нормализација на состојбата.
„Ве известуваме дека и српските превозници денес, 30.01.2026 година, со почеток од 15:00 часот официјално го прекинуваат протестот и се продолжува со нормално одвивање на товарниот сообраќај“, се наведува во соопштението од здружението.
Со прекинот на протестот се очекува целосно стабилизирање на транспортот, побрза испорака на стоки и намалување на економските последици што ги предизвикаа блокадите на граничните премини и главните сообраќајници во регионот.
Надлежните институции апелираат до превозниците и учесниците во сообраќајот да ги следат официјалните информации и да продолжат со почитување на сообраќајните правила.





