MKinformer

your daily dose of news

ЦУК: Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот

21/01/2026 17:25

До 13:00 часот сите патни правци на територијата на Скопје се исчистени, а сообраќајот се одвива по влажни коловози. Надлежните служби ја следат состојбата и се подготвени за дополнителни интервенции доколку има нови врнежи.

Патните правци кон ски-центрите Пелистер и Нижо Поле се проодни во зимски услови. Во Битола приоритетните улици и патишта се исчистени и опесочени, а екипите на ЈП „Македонија пат“ и ЈП „Нискоградба“ со целосна механизација работат на расчистување на останатите делници.

Во општините Новаци и Могила нема непроодни патни правци. Регионалните патишта Крушево – Прилеп и Крушево – Демир Хисар се проодни, додека правецот Крушево – Пуста Река е втор приоритет и ќе се чисти по престанокот на врнежите, но во моментов е прооден за возила со задолжителна зимска опрема. Локалниот пат кон селото Мренога е затворен поради оштетување на мост.

Во општините Велес, Чашка и Градско сите патни правци се проодни и се одржуваат во зимски услови. Во Кавадарци и Росоман се врши континуирано расчистување и посолување, а во Свети Николе и Лозово не се евидентирани проблеми.

Регионалниот пат од Пклиште кон село Герман е непрооден поради висината на снегот. Во Кратово сообраќајот се одвива непречено, а снабдувањето со електрична енергија и вода е стабилно.

Во Тетово, Гостивар и Врапчиште сите патни правци се проодни. Во општина Маврово и Ростуше има снежна покривка од околу 10 сантиметри. Воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Маврово – Дебар и Гостивар – Стража.

Во регионот на Штип има слаби снежни врнежи, а сообраќајот се одвива по влажни коловози. Во Струмичкиот регион сите патни правци се проодни, а електроснабдувањето и водоснабдувањето се редовни.

На подрачјето на Кичево и околните населени места врне снег, со поинтензивни врнежи на планинските села. Екипите на ЈП „Македонија пат“ – секција Кичево, со целата расположлива механизација вршат континуирано расчистување и опесочување. Во градот Кичево главните улици се исчистени, додека чистењето на споредните улици е отежнато поради паркирани возила.

Во Осломејшкиот регион исчистени се патиштата од Жубрино до Туин, а во тек е расчистување кон Поповјани и Јагол. Во Зајашкиот регион се расчистуваат патиштата кон Зајас и Строгомиште, по што ќе следи интервенција кон Крушино и Кнежино. Во јужниот дел на Кичевскиот регион (поранешни општини Вранештица и Другово) поголем дел од патиштата се веќе исчистени.

Сè уште е на сила забраната за движење на товарни моторни возила на планинските превои Стража и Пресека.

error: Содржината е заштитена од копирање !!