MKinformer

your daily dose of news

(Видео)Тежок пад на скијачката легенда Линдзи Вон на ОИ: Со хеликоптер итно пренесена во болница

08/02/2026 16:00

Американската алпска скијачка Линдзи Вон доживеа тежок и вознемирувачки пад на самиот почеток од своето возење во трката во спуст на Олимписките игри Кортина.

По инцидентот, Вон остана да лежи на патеката, додека медицинскиот тим итно интервенираше. Телевизиската снимка покажа дека нејзината лева нога се извиткала во неприродна положба, поради што натпреварувањето беше привремено прекинато.

Американската скијачка пристигна на Олимпијадата веќе со сериозни здравствени проблеми. Таа се повреди на 31 јануари за време на трка од Светскиот куп во Кран-Монтана, кога доживеа пад што резултираше со скинат преден вкрстен лигамент, скинат менискус и модринка на коската на левата нога.

Засега нема официјална информација за степенот на новата повреда, а од организаторите на Олимписките игри во Италија се очекува дополнително соопштение во текот на денот.

Инцидентот предизвика загриженост кај љубителите на алпското скијање, со оглед на долгата и тешка историја со повреди на една од најуспешните скијачки во историјата.

error: Содржината е заштитена од копирање !!