MKinformer

your daily dose of news

Дејан Недев и Венцислав Недев одликувани за развојот на традиционалното карате во Турција

09/02/2026 10:58

Под водство на македонските карате инструктори Венцислав Недев и Дејан Недев, изминатиот викенд во Истанбул, Турција успешно се одржа меѓународен семинар по традиционално карате.

Семинарот беше наменет за судии, тренери и натпреварувачи, а програмата опфати презентација на борбени техники, кати, како и детално објаснување на ITKF натпреварувачките правила за судење. Настанот овозможи унапредување на стручните знаења и размена на искуства во духот на традиционалното карате.

На завршницата од семинарот беа доделени дипломи за судии, како и дипломи за црни појаси, со што официјално беше потврдено нивото на стекнатите знаења. Венцислав и Дејан Недев добија посебни признанија за нивниот континуиран придонес и за развојот на традиционалното карате во Турција.

Организатор на семинарот беше Мелек Кошар, ќерка на основачот на карате спортот во Турција, Хаки Кошар, што на настанот му даде дополнителна историска и спортска вредност.

error: Содржината е заштитена од копирање !!