Возач удри 69-годишна жена на „Његошева“ во Скопје и избега
11/02/2026 18:08
На 10 февруари 2026 година околу 16:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Његошева“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки удрило во пешак.
Според информациите од полицијата, возилото било управувано од А.С. (46), кој по ударот во 69-годишната В.Д. го напуштил местото на настанот без да укаже помош.
Во несреќата, В.Д. се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од МВР информираат дека по преземени оперативни мерки и активности, возачот бил пронајден и со него бил извршен службен разговор. За случајот бил известен и јавен обвинител.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности поврзани со сообраќајната несреќа.






