Две жени прегазени на Радишанска во Бутел, возачот побегнал
16/05/2026 16:34
Две жени биле повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на улицата „Радишанска“ во Скопје, а возачот по ударот избегал од местото на настанот.
Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен во 18:47 часот во СВР Скопје.
Во несреќата, патничко возило „фиат пунто“ удрило во 31-годишната С.М. и 27-годишната М.Ш., двете од Скопје.
По ударот, возачот го напуштил местото на несреќата.
Од МВР информираат дека со тешки телесни повреди се здобила М.Ш., додека С.М. поминала со телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.






