Вандализиран „Фиат 500“ во Тафталиџе: Автомобил ишаран со погрдни зборови
13/02/2026 12:46
Возило од моделот Fiat 500 било вандализирано на паркинг простор во скопската населба Тафталиџе.
Според фотографиите што кружат на социјалните мрежи, автомобилот бил ишаран со спреј, при што на каросеријата биле испишани погрдни и навредливи зборови.
Според содржината на натписите, можеме само да претпоставиме дека станува за љубовна сага и разочарување или неверство.
Засега нема официјални информации за мотивот ниту за сторителот на овој чин. Не е познато дали случајот е пријавен во полиција и дали се преземаат мерки за негово расчистување.
Вандализмот на возила во урбани средини останува чест проблем, а граѓаните апелираат за поголема безбедност на јавните паркинг простори.






