MKinformer

your daily dose of news

ВО ВЕВЧАНИ ИСКРШЕНО ВОЗИЛОТО НА БРЗА ПОМОШ

27/11/2020 20:26

Вчера попладне е оштетено возило на Брза помош на Здравствениот дом „Доктор Светозар Чочороски“ во Вевчани од засега непознати сторители.

„Чинот е срамен момент, причинета е материјалната штета. Претпоставувам дека е некој пијан помлад. Пријавено е во МВР“ , вели Јован Стојкоски, директор на Здравствениот дом.

Жителите на Вевчани се згрозени од вандализмот. Велат дека за време на пандемија, кога здравствените работници даваат сè од себе да спасат живот, некој посегнал по возило кое може да им спаси живот.

„Не знаеме, можеби е некој незадоволен пациент но без разлика на сè ваквиот чин е за секаква осуда“, велат жителите.

Во Здравствениот дом во Вевчани мометно има 40 активни случаи на ковид-19. За полесно справување со коронавирусот Здравствениот дом преку донации досега обезбеди болничко возило, кислородни боци, заштитна опрема како и финансиски средства за набавка на лекарства.

За полицијата засега е непознато кој и зошто го истурил револтот врз медицинското возило, а со тоа удрил врз здравствениот систем

„Вчера во 16.30 часот, во полициското одделение Велешта пријавено е оштетување на моторно возило на Итната медицинска помош марка ‘лада’, сопственост на Здравствениот дом од Вевчани. Според пријавата, засега непознат сторител скршил три бочни и предно ветробранско стакло од медицинското возило, кое било на паркинг простор пред Здравствениот дом. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот“, велат од СВР Охрид.

error: Содржината е заштитена од копирање !!